Македонски државјани од Словенија со уште еден конвој се враќаат дома
Конвој со вкупно 50 македонски државјани доцна синоќа тргна од Словенија за Македонија, јави дописникот на МИА до Љубљана.
Во конвојот има 13 македонски државјани кои немале свои возила и 19 државјани со 11 возила. На нив им се придружија уште 19 македонски граѓани од Австрија кои исто така сакаат да се вратат дома. За лицата без автомобили беше обезбеден автобус. Сите тие поради коронавирусот и затворањето на границите беа затекнати во Словенија и Австрија.
И овој конвој го организираа Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Словенија, со директна асистенција на Амбасадата на Македонија во Словенија.
Според планот, сите граѓаните уште денеска ќе стигнат во нашата земја по што ќе бидат сместени во државен карантин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа