Пендаровски: Верувам дека Црквата ќе се сообрази со правилата кои важат за сите останати

 

Во пресрет на велигденските празници верувам дека Црквата ќе се сообрази со правилата кои важат за сите останати, напиша претседателот на земјава, Стево Пендаровски на Фејсбук.

„Поради пандемијата на вирусот #COVID19, на граѓаните многу права или им се одземени за одреден временски период или им се редуцирани. Но сега сите имаме повисока цел - да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците. Во нашата заедничка држава, ниту една религиозна заедница не е над другите, ниту еден верник не е поважен од еден атеист и обратно. Верувам дека верниците ќе најдат друг, соодветен начин да ја испочитуваат својата вера“, кажа Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2020 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега