Микиќ: Бројката на заболени од Ковид-19 не би требало да надмине 2.000, се движиме во рамките на очекувањата
Епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, во вечерашното гостување на емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија, искажа генерално позитивни оценки во однос на бројките асоцирани со Ковид-19 во нашата држава и констатираше дека сè уште добро се држиме во менаџирањето со епидемијата во однос на земјите од регионот, но и на останатите европски земји.
„Во последните неколку денови, па и недели, значително се зголемени капацитетите за тестирање, тестираме можеби највеќе во регионот, со исклучок на една Словенија и Хрватска, но сепак се движиме во една статутна рамка на новодијагностицирани случаи што мене лично ми дава надеж дека добро ја контролираме епидемијата. Не би требало да го надминеме бројот од 2000 случаи имајќи ги предвид преземените рестриктивни мерки и секако зголемениот број на тестови што ги правиме ширум државата” – констатираше Микиќ.
Запрашан дали денешната висока бројка на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 и дава нов тек на епидемијата, односно води кон експоненцијален раст, Микиќ со следниот став:
„Кривата не расте експоненцијално, ако се споредиме со европските земји ќе видиме дека кај нас некако успеваме да ја држиме онаа крива на раст во разумни бројки и здравствениот систем сè уште може да справи со овој број на заболени” – објасни епидемиологот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа