И второзаболениот од Кичево не бил присутен во градот последниве неколку недели

 

Според податоците од денешната статистика на Министерството за здравство, новодијагностициран е втор случај на ковид-19 од Кичево. Но, и ова лице, како и првозаболениот, не бил присутен во својот град неколку недел, дознава „360 степени“.

„360 Степени“ објави дека станува збор за 19 – годишно момче кое боледувало од бронхопневмонија и бил хоспитализран во Охрид, каде му бил направен тест на ковид-19, но резултатот бил негативен.

По компликации на неговата состојба со бронхопневмонијата, тој бил префрлен во градската болница „8 Септември“ во Скопје. На тестот којшто му е направен во Скопје се покажал како позитивен на ковид-19. Засега, нема официјална информација како овој пациент се заразил со коронавирусот.

Пред два дена од Кичево беше регистриран првиот случај на заболен со ковид-19, но лицето допатувало од странство и веднаш било сместен во задолжителен државен карантин.

Откако се пожалил на тегоби и кашлица бил тестиран и му бил потврден ковид-19, по што тој останува во контролирана изолација.

До овој момент, Кичево останува едно од ретките места во земјава кадешто внатре нема потврден и активен заболен со коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега