Раните симптоми за откривање на рак на панкреас

 

Раните симптоми на карциномот на панкреасот се слични со симптомите на многу бенигни состојби. Поради тоа, ниту пациентите, па ни лекарите не им обрнуваат внимание.

Дури и наодите од помалку инвазивните иследувања, направени во оваа фаза од болеста, како што е, на пример, ехотомографијата на абдоменот, се во границите на нормалата и не го прикажуваат присутниот тумор, во неговата рана фаза.

Поради тоа, дијагнозата на заболувањето, кај најголемиот број на пациентите се поставува кога болеста е веќе во напреднат стадиум и кога веќе се манифестирале еден или повеќе симптоми од класичниот тријас: болка, жолтица и губење на телесна тежина. Овие симптоми веќе укажуваат на локално напреднат стадиум на болеста.

Симптомите на болеста зависат, пред се, од локализацијата на туморот и неговата проширеност.

Кај најголем број од болните (90%) првата манифестација на болеста е жолтицата пропратена со нагло губење на телесната тежина.

Основни симптоми и знаци на карциномот на панкреасот може да бидат: жолтица, болка и слабеење. Можни се и други симптоми на болеста, но тие не се специфични само за ракот на панкреас.

Се препорачува консултација со лекар при појава на некои од следниве симптоми и знаци: жолтица (жолта пребоеност на кожата и белките на очите), болка во горниот и среден дел на стомакот и грбот, нејасно губење на телесна тежина, губење на апетитот, малаксаност.

Како неспецифични симптоми се јавуваат гадење, повраќање, запек, слабост, јадеж по кожата, асцит.

Абдоминалната болка е присутна во 50 до 90% од случаите и во почетокот таа е дифузна, се јавува повремено, често зависи од завземената положба на болниот, а понекогаш може да се јави по земање на храна, поради што личи на болка предизвикана од чир во желудникот. Болката е најчесто локализирана во горниот дел на абдоменот (епигастриум), но една четвртина од пациентите имаат и болка во грбот. Болката во грбот е знак за напредната болест и постоење на инфилтрација во ретроперитонеумот.

Повеќе паранеопластични синдроми може да се манифестираат заедно со карциномот на панкреасот, а, иако ретко, тие може да бидат и единствената манифестација на болеста.

Се јавуваат: миграторен тромбофлебит и системски нодуларен паникулит или т.н. Вебер-Кристијаново заболување. Овој синдром се карактеризира со полиартритис и појава на црвени поткожни чворчиња кои понекогаш се некротични.

Овие симптоми може да бидат придружени со трески, абдоминална болка, масна некроза на косите, некроза на белите дробови и на другите органи.

 Ракот на панкреасот е многу тежок за окривање поради местото на кое е сместен самиот панкреас

 

 

 

28.11.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега