Синди Крафорд откри трик како да се позира во бикини (ФОТО)
Доколку сакате на фотографиите од плажа да изгледате како фотомодел, во тој случај добро би ви дошле советите на Синди Крафорд за позирање во костим за капање.
Имено, Крафорд на Инстаграм објави видео во кое објаснува некои трикови за заземање најдобра поза додека се прават фотографии во бикини, кои според неа, даваат резултати дури и кај девојки кои немаат „совршено“ тело.
Крафорд тврди дека „финтата“ е во тоа рамениците да бидат свртени кон фото апаратот, а колковите малку на страна.
На овој начин половината ќе изгледа потенко, вели Крафорд.
16.08.2017 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа