Прегазен пешак во Скопје
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои седум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак и двајца мотоциклисти.
Сообраќајната полиција вчера откри и санкционирани 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив осум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, девет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и седум возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа