Пукање и филмска бркотница - хаос во Тетово
Синоќа во 21 часот во полициската станица Тетово, 51-годишниот Ш.А. пријавил дека истиот ден околу 19 часот и 30 минути додека со неговото возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки се движел од центарот на градот-Тетово кон „Теаречка спирка“, позади него се движело возило “Ауди“ со тетовски регистарски ознаки во кое бил 35-годишниот Е.Ј.од Тетово. Откако Ш.А. стигнал на кружниот тек пред градскиот стадион во Тетово, од горниот дел кон улицата "Иво Лола Рибар“ наишло возило “Лупо“ со тетовски регистарски ознаки управувано од роднина на Е.Ј. кој со предниот дел удрил во возилото на Ш.А. оштетувајќи го. По извесно време во 22 часот во полиција дошол и Е.Ј. и пријавил дека истиот ден околу 20 часот додека бил заедно со З.Љ.(38) со возило “Ауди“со тетовски регистарски ознаки и се движеле по улицата “154“ во Тетово, од страна на Д.А., од непосредна близина од огнено оружје биле испукани неколку куршуми во правец на возилото, оштувајќи го.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа