„Ќе те исечеме со моторна пила" - хорор за кочанчанец

 

Околу 20 часот синоќа во селото Уларци, кочанско, додека Б.З. со своите синови товарел дрва во трактор со приколка, Т.Н. ги забележал и им рекол да престанат со сечата, по што Б.З. се разбеснил и почнал да го навредува, и во тој момент неговите синови го фатиле за рацете. Според податоците на полицијата, Б.З. ја запалил моторната пила заканувајќи му се дека ќе го исече, по што несреќниот кочанчанец паднал на земја, а Б.З. го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата.

Насилникот е приведен и ќе си заработи соодветна кривична.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега