Пукање во Ѓорче Петров
Вистинска драма се одвивала синоќа околу 22 часот и 15 минути на улицата „Ѓорче Петров“, во близина на кружниот тек. Според податоците од полицијата, 33-годишниот С.А. кој управувал возило марка „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, застанал и излегол од возилото со цел да провери дефекти. Тој забележал дека во негова близина застанало возило „БМВ“ од кое излегле три лица со маски на главите и лицето Н.Ш. од селото Грчец кој извадил пиштол и го репетирал, по што С.А. избегал. Додека бегал, слушнал истрел од огнено оружје.
Полицијата работи на случајот.
Оцени ја веста
22.03.2015 - 12:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа