Прегазил ученичка на пешачки пред училиште во Скопје и побегнал
Несовесен возач вчера вечерта околу 19 часот прегазил 18 годишно девојче пред средното училиште Димитар Влахов во скопски Аеродром и побегнал. Девојчето било прегазено додека минувало на пешачки премин. Возачот по ударот, почнал да шкрипи со гумите и побегнал во непознат правец. Случајни минувачи го ставиле девојчето во автомобил и го однеле во болница. Констатирани му се серија тешки телесни повреди. За жал, никој од присутните не го виделе регистарскиот број на возилото. Полицијата се уште трага по возачот.
Оцени ја веста
20.03.2015 - 21:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа