Голем пожар пепелоса позната сендвичара во Гостивар
Утрово околу 9 часот и 30 минути избувнал голем пожар во сендвичарницата „ЕМ“, во сопственост на 47-годишниот гостиварчанец З.Т, на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар. Огнот, најпрво пламнал во фритезата до скарата и за кусо време се проширил наоколу, и покрај напорите на вработените да го изгаснат.
Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот, но за жал пламените јазици оштетиле повеќе апарати фритеза, два фрижидери со пијалаци, хауба од скара, мотор за вентилација, работна маса, музички систем, рутер, два звучници, телевизор, клима уред, телефон и фискална каса, со што е направена штета од 600.000 денари.
Полицијата го расветлува случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа