Крвава расправија: Жител на Велешта пукал во својот брат

 

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 44-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта кој на 22-ри минатиот месец, пукал во сопствениот брат.

Според податоците, стружанецот физички го нападнал неговиот брат Б.Н. а потоа кон него испукал еден куршум со пиштол што го поседувал без дозвола. 

- Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија, а потоа и физички напад од сега притворениот кон неговиот брат. Во еден момент,разбеснетиот А.Н. го извадил пиштолот и со дршката го удрил својот брат по главата, а потоа кон него испукал еден куршум нанесувајќи му влезно-излезна рана во слабината. Веднаш потоа влегол во своето патничко моторно возили марка „мерцедес“ и избегал од местото, информираше денеска портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На А.Н. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена .

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега