Неготинчанец и валандовец направиле огромен грев
Во Неготино, во црквата „Св.Атанасие“, пред неколку денови засега непознат крадец влегол и извршил тешка кражба при што одземени се околу 50.000 денари. Крадецот со бормашина го отворил шифрираниот бројчаник на металната каса и ги одзел парите.
Според податоците од полицијата, исто така, во текот на изминатите два дена во Валандово, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Димитрија“, при што одзел околу 3.000 денари. Крадецот насилно ја отворил влезната врата од црквата, ги одзел парите и заминал во непознат правец.
Полицијата трага по сторителите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа