Крвава расправија во Тетово: Младо момче со три убодни рани заврши на скопските клиники

 

Крвава расправија во Тетово. Според податоците, 23-годишниот С.С.од Порој се здобил со три убодни рани по бурна расправија и тепачка што вчера околу 18 часот и 30 минути се случила на улицата „ЈНА“ во Тетово во меѓупросторот каде што има повеќе кафулиња.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, како осомничен дека извадил и употребил остар предмет при тепачката е малолетник со неполни 16 години од Тетово кој го ранил 23-годишниот тетовчанец во левата натколеница, левата подлактица и левата страна од градите.

Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде поради обилното крварење од тешките телесни повреди бил препратен во скопскиот клинички центар Мајка Тереза каде бил примен во контактибилна состојба. Осомничениот малолетник заедно со негов родител биле повикани во полициската станица Тетово.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега