"Сите ќе ве убијам па ќе ја запалам куќата" - охриѓанец му приредил хорор на семејството

 

СВР Охрид до Основниот суд од Охрид поднесе предлог на 51-годишниот А.М. од Лескоец, oхридско, како заштитни мерки да му се изречат: отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам. Предлогот е поднесен откако на 19. месецов тој дошол дома пијан и започнал вербално да ги навредува членовите на неговото семејство, а потоа ситуацијата кулминирала откако им се зканил со убиство и со опожарување на семејната куќа, по што кон нив фрлал делови од покуќнината и други предмети.

По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид, Центарот за социјални работи Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.

 

 

Оцени ја веста

06.02.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега