Полицијата го изненадила: Детали за апсењето на еден од најбараните македонски криминалци
Вистинско изненадување бил полицискиот налет за криминалецот Фадил Арслани. Повеќе од два месеци тој се криел во приватна куќа во Гостивар, сопственост на исселеник во Швајцарија. Полицијата утврдува дали и овој човек е замешан во криењето на бегалецот кој е провоосмничен во акцијата Чекан.
Станува збор за лице кое се товари за повеќе тешки дела од областа на насилниот криминал. Бил изенаден кога полицијата му упаднала во куќата. Од МВР ја потврдуваат информацијата но не откриваат повеќе детали, бидејќи како што велат, претресот се уште трае.
Арслани бил обвинет за злосторничко здружување, лихварство и перење пари. Заедно со својата дружина оперирал во западна Македонија. Двал позајмици со камати од 8 до 20% а потоа ги изнудувал парите. Склучуал фктивни нотарски договори и на жртвите им одземал коли куќи и станови. Во целата игра биле вмешани и нотари и извршител кои исто така се меѓу уапсените на 10 декември лани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа