Мислела дека ќе помине уште еден обичен ден на работа но... - хорор за скопјанка
Скопјанка дошла на работа и мислела дека ќе помине еден обичен ден, но наместо тоа преживеала хорор. Според податоците од полицијата, се работи за аптекарка од Скопје, која работи во ПЗУ аптека „Голд Мун“ на улицата „Благоја Паровиќ“, каде влегол 20-годишниот Ф.С. од Скопје и со закана со пиштол успеал да и одземе 18.000 денари од дневниот промет. Од обезбедениот и обработен видео запис од безбедносните камери на аптеката е потврдено како Ф.С. го извршува кривичното дело, по што со наредба од Судија на претходна постапка е извршен претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени 10 парчиња муниција калибар 9 мм.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа