Опасно по експлозијата во Богданци: Децата пуштени од училиште
Тројца загинати, а едно лице е повредено во експлозија во фабрика за мали плински боци во Богданци.
Како што информираше за Телма телевизја, градоначалничката на Богданци, Анастасија Олумчева во мометов пожарот е локализиран, но екитите се уште се на терен.
На лице место покрај пожарникарски екипи, пристигнала и брзата помош, повредениот е пренесен во болница. Од гевгелиската болница информираат дека поради комплицираност на повредите, изгореници од 2 и 3 степен, возрасниот маж е испратен на лекување во Центарот за опекотини во Скопје.
„Загаденоста на воздухот во околината е забележителна“, рече Олумчева.
Децата од околното основно училиште биле пуштени дома, бидејќи веднаш по екслозијата снемало електична енергија.
Станува збор за фабрика каде се работи во три смени, а во мометот на експлозиите на работа биле 11 вработени.
Фабриката за плински боци е сместена на влезот во градот Богданци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа