Уапсено уште едно лице за пукањето пред Капитол во Скопје

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.К.(29) од Скопје поради постоење основано сомнение дека е можен сторител на две кривични дела “предизвикување на општа опасност” и “насилство”.  Пријавениот на 27.01.2015 година околу 20.00 часот на бул.„Јане Сандански“ поточно на паркингот позади  ТЦ „Капитол“  заедно со А.К.(16) против кого исто така е поднесена пријава за “насилство”, физички нападнале 14 годишно лице од Скопје удирајќи го со клоци и тупаници во пределот на главата и телото и притоа удирајќи го и со тврд предмет во пределот на главата при што му нанеле телесни повреди.  Пријавениот Е.К. по физичкиот напад од ПМВ „Мерцедес“ кое истиот го управувал, испукал неколку пати од огнено оружје пиштол во непознат правец. Е.К. минува во крим евиденцијата на СВР Скопје за сторени кривични дела тешки кражби, загрозување со опасно орудие при тепачки или караници, одземање на моторни возила, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, предизвикување на општа опасност и насилство. 

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега