Пешак прегазен кај Универзалната Сала во Скопје
Вчеравечер во близина на Универзалната сала, на булеварот „Партизански одреди“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која бил тешко повреден пешал. Како што објави порталот naraport.mk, лицето кое минувало на пешачки премин, било прегазено од автомобил од засега непозната марка.
-Расфрлани чевли, полиција и возило на Брза Помош, беше сликата која можеше да се забележи на овој булевар, а пак, дали лицето го преживеало ударот, засега, немаме информации, објави порталот.
Оцени ја веста
30.01.2015 - 09:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа