Немирна ноќ: Малолетници направиле драма на булеварот „Јане Сандански“
Уште една драма се одвивала доцна синоќа. Околу 22 часот на булеварот „Јане Сандански“ број 65, на паркингот пред продавницата „Стокомак“, 18-годишниот К.М. од Скопје, кога влегол во своето возило „Форд Ескорд“ заедно со неговите другари Т.Н.и Д.М. во еден момент се приближила група од 15-20 насилници на возраст околу 14 до 16 години, по што едно машко лице се одвоило од групата и се доближило до наведеното возило и со дрвена палка почнало да удира по задната шофершајбна, при што од вториот удар се искршило стаклото и се распрскало по задното седиште каде седел К.М., кој со рацете се заштитил, по што тројцата излегле од возилото, а лицето со трчање се приближило до групата и потоа сите се разбегале во непознат правец.
Насилникот причинил материјална штета од 16.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа