Филмска бркотница и пукање во Кочани

 

Во Кочани, во близина на споменикот на паднатите борци, синоќа во 20 часот непознат сторител извршил тешка кражба. Имено, додека 66-годишната Д.С. од Кочани одела на улица, тој  и ја одзел чантата во која го носела  дневниот пазар од бутикот каде што била вработена како продавачка. Додека таа се движела, крадецот и пришол и насилно и ја одзел чантата, по што истата повикала помош, а тој избегал од местото на настанот. Во непосредна близина бил полициски службеник кој во цивилна облека бил на работа,  и по издадено предупредување да застане, истиот продолжил да трча, по што полицискиот службеник во воздух испукал еден предупредувачки куршум, а сторителот ја фрлил чантата и побегнал. 

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега