Војници на КФОР се соблекувале голи во кафуле на плоштадот во Скопје и побегнале без да платат

 

Се соблекувале голи, ги вознемирувале гостите и на крајот побегнале без да платат. Војници на КФОР од данскиот контингент вчера направиле вистински хаос во ресторанот Ла Тераса на скопскиот Плоштад. Според информациите кои ги соопшти полицијата, тие се опијаниле и почнале недолично да се однесуваат. Се соблекувале во кафулето, се расправале со персоналот и гостите. На крајот, кога келнерот дошол за да им наплати тие побегнале. Вработените во Ла Тераса тргнале по нив, а во тој момент, на местото се нашла полицијата која ги привела двајца дански војници. Изречени им се казни за нарушување на јавниот ред и мир и повикана е воената полиција на КФОР да интервенира бидејќи војниците биле под дејство на алкохол.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега