Како се затруле 23 годишните момче и девојка во скопски Припор?

 

Труење со јаглерод моноксид е најверојатно причина за смртта на 23-годишните момче и девојка кои вчера беа пронајдени во гаража во скопски Припор.

iv

Вклученото греење на автомобилот во затворен простор ги чинело живот . По извршениот увид од страна на МВР, обдукцијата треба да потврди дека станува збор за несреќен случај. Момчето и девојката се задушиле од издувните гасови. Бидејќи гасовите од автомобилот немало од каде да излезат од гаражата, тие преку парното кое било вклучено во автомобилот полека почнале да влегуваат во него. Момчето и девојката прво биле зашеметени а потоа се задушиле во отровниот гас. 

Јаглеродниот моноксид е тивок убиец. Вдишувањето предизвикува онесвестување, а потоа и смрт. Токму тоа се случило во Припор.

Прославата на Новата година 23-годишниот Димитар решил да ја продолжи во својот автомобил кој го паркирал во гаражата  на семејната куќа.

Новогодишната забава за младото момче и неговата девојка заврши во гаража. Безживотните тела ги пронашол неговиот брат неколку часа подоцна.

Погребот на 23-годишните момче и девојка ќе биде извршен утре.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега