Скопската полиција трага по двајца крадци
Крадците дефинитивно не запираат. Во периодот од 25 до 28 месецов на улицата „Желево“ во Скопје непознат сторител со прекачување преку балкон влегол во станот во кој како потстанар живее 46-годишниот Б.П. при што извршил тешка кражба на девизи и разновиден златен накит во вкупна вредност од 350.000 денари.
Исто така, пред два дена во селото Инџиково, скопско, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во куќата на 40-годишниот И.П. при што извршил тешка кражба на евра, разновиден златен накит и парфем во вредност од 450.000 денари.
Полицијата трага по крадците.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа