Кај момче од Битола полициајта најде нова синтетичка дрога
Кај 23-годишниот битолчанец Т.М. полицијата пронашла 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните. Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем, што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци.
СВР Охрид соопшти дека во предниот џеб од пантолоните кај него била пронајдена е зипер кесичка со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. Таа во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Според силата, 25C-NBOMe е послаб од LCD.
„Поради тоа, до Министерството за здравство на Република Македонија ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанца која делува како дрога со цел поведување постапка за внесување на оваа супстанца во листата на контролирани псиготропни супстанции и опојни дроги“, се наведува во соопштението од СВР Охрид.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа