Откриен идентитетот на убиеното момче во Велес

 
Татко од велешкото село Бузалково го нашол мртов 23-годишниот син Адил Сулејмани со една прострелна рана од огнено оружје, денеска околу  12.30 часот во  камп-приколка до  железничката пруга, на нивниот плац блиску до Ветеринарната станица во Велес. 
 
Според првичните сознанија, синот дома го немало од вчера од 16 часот, а татко му го пронашол мртов на плацот на кој порано продавале дрва.
 
Полициска екипа на СВР Велес се уште е на местото на настанот и работи на  пронаоѓање на сторителите и откривање на мотивите за убиството.
 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега