Пијан штипјанец направил хаос

 

Пијан штипјанец физички нападнал полицајци и им упатил смртни закани, кога тие се обиделе да го легитимираат.

На 22.11.2014 година околу 04:10 часот во Штип на ул.„Кирил и Методиј“ бб, во дискотека „Мистик“, двајца униформирани полициски службеници, при обид да го легитимираат 31-годишниот штипјанец И.А. истиот со рацете го турнал полицаецот во пределот на градите, упатувајќи му и сериозни закани по живот.

И.А. е лишен од слобода, извршено му е алкотестирање и констатирано е присуство на алкохол од 2,41 промили, по што е  задржан во полициска станица до негово отрезнување.

 

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега