Ги претепале со безбол палки шишиња и тупаници - крвничка тепачка во Тетово
Во масовна тепачка која се случила синоќа околу 20 часот и 20 минути, на улицата „ЈНА“ во Тетово, пред кафулето „Имиџ“ едно лице се здобило со тешки рани од нож, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, случајот во полиција го пријавиле четири лица на возраст од 18 до 22 години и според нивното кажување тие во посоченото време и место биле нападнати од група од десеттина други лица при што тројца од пријавителите задобиле видливи повреди по главата и телото, додека едниот успеал да избега и да помине неповреден. Во тепачката во која биле користени тупаници, безбол палки, шишиња и други предмети, Б.Л.(25) кој бил во другата група бил повреден со нож при што добил расекотини во рамото и вратот и веднаш бил префрлен на скопските клиники.
- Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, утврдувањена идентитетот на сите кои учествувале во нстанот кој се води како насилство по што ќе следуваат соодветни поднесоци, рече Јосифовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа