ФОТО: Филипинка стана српска снаа- Кејт и Слободан раскажуваат за својата љубов

 

Слободан помина 10.000 километри за лично да ја запознае девојката од неговите соништа, која за првпат ја запознал преку Фејсбук.

Како што вели тој, секое утро станувал во 6 часот за да може да зборуваат со неговата сакана Кејт, која живеела во Манила.

После само 20 дена допишување на англиски јазик, Слободан заминал во Манила за да ја запознае Кејт.

-Едвај чекав да ја видам. Кога ја видов, тоа беше тоа, вели Слободан.

Кога се виделе, во истиот момент знаеле дека тоа што го чувствуваат е вистинска љубов и веднаш решиле да се венчаат.

Венчавката ја направиле во Манила, а потоа заминале во Србија.

Моментално Кејт го учи српскиот јазик, но Слободан вели дека и покрај тоа што не го зборува неговиот мајчин јазик, одлично се разбираат на српски, филипински и англиски.

Интересно, но Кејт мислела дека Србија е дел од Сирија, а кога побарала на интернет податоци за земјата на нејзиниот сопруг, пријатно се изненадила кога видела дека таа всушност се наоѓа среде Европа.

Нивната приказна е пример дека никогаш не знаеме од каде ќе ни дојде љубовта и дека вистинската љубов не познава далечина и граници.

07.11.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега