Кога ќе го прочитате ова никогаш нема да нарачате вода во ресторан

 

Кога излегувате на кафе или на ручек, веројатно на келнерот во ресторанот или кафулето постојано му барате вода, но откако ќе го прочитате ова повеќе никогаш нема да ви текне на тоа!

Вода со мраз

Поголемиот број луѓе добиваат мраз во нивната чаша, без разлика дали побарале или не, но Дејли мејл спроведе истражување и заклучи дека во калапите за мраз има повеќе бактерии отколку во водата која се наоѓа во ВЦ шолјите.

Вода со лимон

Некои ресторани и кафулиња дури во водата ќе ви стават и парче лимон, но вистината е дека тоа е уште едно место на бактерии. Резултатите од истражувањето објавено во ”Journal of Environmental Health” покажуваат дека на околу 70% од овие кришки има микроби.

Чаша

Првите две години, Елизабет Лејми спровела истражување и во американските ресторани и тестирала каде има најмногу бактерии. Меѓу 10-те површини на кои имало најмногу бактерии кои се нашле токму во чашата.

Персоналот треба да ги допира само на дното, а многумина не се придржуваат до тоа правило.

16.10.2014 - 13:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега