Парнарџиева-Змејкова присуствуваше на одбележувaњето на Светскиот ден на артиритисот

 

Директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Маја Парнарџиева-Змејкова денеска присуствуваше на одбележувaњето на Светскиот ден на артиритисот што го организира здружението на пациенти НОРА.

- Светскиот ден на артритисот е еден од најзначајните за пациентите со ревматолошки заболувања и се одбележува ширум светот. Како здравствени власти ги цениме укажувањата на нашите партнери, здруженијата на пациенти и овозможивме терапија преку условните буџети, кои се таргетирани токму за пациентите со овие заболувања. Работиме во континуитет на информираноста на граѓаните за живеењето со хроничните ревматолошки заболувања, истакна Парнарџиева-Змејкова во обраќањето.

Потребно е, додаде, гласно и несебично да им се даде поддршка на лицата кои страдаат од овие заболувања. 

Светскиот ден на артритисот годинава се одбележува под мотото „Мојата порака до артритисот“.

11.10.2014 - 13:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега