Сушењeто алишта на радијатор предизвикува алергии

 

Сушењeто алишта на радијатор не е воопшто корисно иако повеќето од нас често го правиме тоа. Според истражувачите од Архитектонскиот факултет во Шкотска голем број на домови имаат премногу влага, а причина за тоа е сушењето на облеката во домовите.

Три четвртини од стотина испитани домови имале влага и мувла. Ваквиот воздух предизвикува појава на астма и слични алергии, особено кај децата.
Тоа го зголемува количеството на влага, а подоцна доведува до проблеми со дишните патишта.

 

Луѓето гледаат колку можат повеќе да ги искористат радијаторите и останатите грејни тела во текот на зимата, а не размислуваат дека е неопходно и проветрување во текот на тие денови.

02.10.2014 - 16:28

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега