Велес распиша конкурс за стипендирање талентирани ученици и студенти
Општина Велес распиша конкурс за стипендирање 16 талентирани ученици и студенти за учебната 2014/2015 година.
Како што информираше на денешната прес-конференција претседателот на комисијата, Бошко Караџов услов за добивање стипендија за средношколците е завршена втора година од школувањето, континуиран одличен успех и награди добиени на меѓународни и државни натпревари.
Висина на стипендијата 1.500 денари месечно, девет месеци во годината, појасни Караџов.
За студентите услов е завршена најмалку една година од студирањето и просек најмалку 9.00. Стипендијата изнесува 2000 денари, девет месеци во годината.
Социјалниот момент не е пресуден во добивањето на стипендијата и одлучува само во случај кога има поголем број кандидати со ист успех. Право на учество имаат исклучиво кандидати жители на Општина Велес. Конкурсот е отворен од денеска до 20 октомври 2014 година,информира Караџов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа