Спасувачите ќе стигнат до затрупаниот рудар дури за три дена
Рударите спасувачи истакнаа дека работат во многу тешки и опасни услови во јамата и дека ќе дојдат за три дена до местото каде претпоставуваат дека се наоѓа Жељко Милетиќ, рударот кој веќе четири дена е затрупан во рудникот во Ресавица.
- Тој се наоѓаше во откопот, што е најопасното место во рудникот, таму нема заштита, изјавија рударите.
- Пробавме да стигнеме до него низ материјалот, но тоа е невозможно поради постојаните одрони. Затоа од вчера започнавме со изградба на друго окно безбедно за спасувачите, кое е под локацијата на која претпоставуваме дека се наоѓа Жељко. Целта ни е да дојдеме под локацијата каде што се случи несреќата и на тој начин да го најдеме Жељко, наведуваат спасувачите.
27.09.2014 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа