Командант на џихадистите од БиХ загина на боиштата во Сирија
Уште еден државјанин на Босна и Херцеговина, за кој портали блиски до Исламска држава тврдат дека бил еден од командантите загина во Сирија.
Станува збор за Рамо Пазара кој загина во Сирија. Тој бил од Теслиќ, го носел прекарот Абдулах и загинал во борби со Курдите на сириско боиште. Пазара учествувал во борби кај градот Кобане на границата со Турција.
Во Сирија според медиумите бил заменик на чеченскиот командант Омар ал Шишани, кој е меѓу најпознатите странски борци на Исламска држава.
Пазара минатата година се вклучил на военото боиште во Сирија. Претходно живеел во САД каде работел како возач на камион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа