Измерете се- Обемот на струкот кажува колку долго ќе живеете

 

Можете да го заборавите индексот на телесната маса, како и секојдневното качување на вагата, порачуваат научниците од бизнис училиштето Кас, откако ги прегледале здравствените податоци на над 300 илјади луѓе.

 

Имено, заклучокот од истражувањето е многу едноставен – доколку сакате да бидете здрави, вашиот струк треба да биде широк максимално колку половина од вашата висина.

Таквиот обем на струкот е одличен показател на здравствената состојба и ризикот од развој на кардиоваскуларни болести бидејќи токму висцералните масти кои се таложат на струкот се најопасни за развој на висок крвен притисок и го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Доколку струкот ви е поширок за 15 см од половина од висината, животот ви се скратува барем за 2 години, покажало истражувањето.

Доколку пак, струкот ви е поширок за половина метар во однос на половина од висината, ќе живеете 20 години пократко.

 

Затоа, согорете ги мастите во стомакот и заборавете на наталожените масти на бутовите и задникот, тие не претставуваат опасност по вашиот живот.

Извор: Kафе пауза

09.09.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега