Владина делегација на Грција ќе се сретне со ЕУ и ММФ

 

Грчка владина делегација денеска ќе пристигне во Париз на нова серија разговори со меѓународните кредитори - Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Европската комисија средбата во Париз ја оцени како „подготвителна“ за оценката од тројката меѓународни кредитори (ЕУ, Европската централна банка и ММФ) за исполнување на грчката економска програма. Средбата на ЕУ, ЕЦБ и ММФ со грчките претставници ќе се одржи во текот на месецот во Атина.

Грчката делегација во Париз ќе претстојува до четврток, при што ќе има средби и со министрите за финансии, за труд, за правда и за административни реформи.

Владата на премиерот Андонис Самарас се надева дека меѓународните кредитори ќе одобрат договор за намалување на грчкиот долг.

02.09.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега