„Полесно ни е откако слушнавме дека убиецот е уапсен“- проговореа родителите на трагично загинатиот Лука

 

По вчерашната информација дека Марко Миличев убиецот на младиот Лука е уапсен во Кина, тагата и болката во моето срце за момент ги замени возбуда. Мојата желба тој што го уби моето чедо да биде изведен пред правдата пред 40-дневниот помен на Лука е остварена.

Ова за српски Курир го изјавил Бојан Јовановиќ, таткото на покојниот Лука, веднаш штом дознал дека лицето одговорно за смртта на неговото дете ќе го добие заслуженото. Бојан рекол дека се надева наскоро да биде пронајден и „кантрименот“.

 

- Сега на ред се судиите и верувам дека ќе направат се што е во нивна моќ Миличев да одговара за тоа што го направи, изјавил несреќниот татко.

И мајката на Лука, Сања е задоволна од апсењето на убиецот.

- Конечно, секоја чест на оние што го уапсиле, сонувавме за тоа цело време и сега ни е полесно. Срцето почна да ми чука забрзано кога слушнав дека тој човек е уапсен, рекла мајката Сања.

 

Инаку Бојан Јовановиќ вчера беше сослушан во Основниот суд. Тој  се приклучи кон кривичното гонење на осомничените и сооучесниците во убиството на неговиот син.

02.09.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега