На 100 - годишнината од нејзиното уништување, црквата "Свети пророк Илија" во Стар Дојран повторно ќе биде пуштена во употреба
Црквата "Свети пророк Илија" во Стар Дојран, којашто спаѓа меѓу најголемите стари верски објекти во земјава, повторно ќе биде ставена во употреба во 2016 година, кога навршуваат 100 години од уништувањето на градот во Првата светска војна.
Министерството за култура годинава одобри 300.000 денари за санирање на внатрешноста на ѕидовите од црквата. До повторното ставање во употреба треба да завршат градежните работи кои предвидуваат малтерисување на ѕидовите, поставување прозорци и врати и изработка на нов иконостас. Завршен е процесот за конзервација на источната фасада и чистењето на покривните површини на апсидите. Реставрацијата на оштетената фасада ќе биде според оригиналната ѕидарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа