На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук претседателка на НВО САНО - Здружение кое им помага на децата со канцер, денеска на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе го најават воведувањето на формалното основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување.
На Клиниката за детски болести се лекуваат дечиња со тешки болести, меѓу кои и канцер, кои досега не можеа да следат основно образование.
06.08.2025 - 08:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа