На ГП „Блато“ поставен нов шалтер, поради зголемената фреквенција

 

На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар, поради зголемената фреквенција на патници и возила, а со цел да го олесни протокот, македонското Министерство за внатрешни работи постави уште еден контролен шалтер.

– Во интерес на патниците, кои во сè поголем број го користат овој граничен премин, поставен е уште еден контролен шалтер, опремен со целата потребна опрема, со што нивниот број е зголемен на три а постојните се целосно обновени. На овој начин значително се намалува чекањето на границата, а го олесни и движењето и преминувањето на границата од страна на патниците и моторните возила, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Поради зголемената фреквенција, тој не ја отфрла можноста набрзо да се стави уште еден, четврт контролен шалтер.

– Само во последниот викенд на овој премин на влез и излез се регистрирани 7905 патници. Гледано одделено македонски државјани се 2408, од кои на влез се 1106 а на излез 1302 патници. Кога станува збор за странски државјани на влез се регистррани 3260 и на излез 2237, односно вкупно 5497, посочи Димоски.

Во последните неколку години фреквенцијата на овој премин забележа зголемување, за над 60 отсто. Тоа по изградбата на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), кој беше пуштен за сообраќај во ноември 2021 година, со што оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри. Од средината на март годинава, кога беше пуштен за сообраќај мостот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час. 

13.05.2025 - 17:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега