МЗШВ објави јавен повик: Аплицирајте за 30.000 до 400.000 денари поддршка
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година.
Првата мерка е за финансиска поддршка во рибарството:
Потточка 1.6 - Дополнителна заштита на рибите во риболовните води:
- до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони;
- до 150.000 денари за заштита на риболовни зони;
- до 400.000 денари за заштита на риболовни подрачја.
Средствата од Потточка 1.6, се наведува во соопштението од МЗШВ, се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите.
Потточка 1.7 - Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води (до 30.000 денари).
Средствата од Потточка 1.7 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за набавка на опрема за видео надзор на риболовните води.
Потточка 1.8 - Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина (до 60.000 денари).
Средствата од Потточка 1.8 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за изведување на акции за чистење на препреки и отстранување на цврстиот отпад од и до риболовните води.
Право на користење на овие средства за мерката 1 имаат концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов.
Од мерката 2 за финансиска поддршка во аквакултурата:
Потточка 2.2 - Финансиска поддршка за порибителен материјал (50% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок).
Средствата од Потточка 2.2 се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 10 февруари до 31 мај и од 1 јули до 31 октомври 2025 година.
Право на користење на овие средства од Потточка 2.2 имаат:
- Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет дување на рибникот.
Мерката 4 е за развој на нови пазари и промотивни кампањи:
Потточка 4.1 - Финансиска поддршка за промоција на рибарство.
Средствата од Потточка 4.1 се наменети за надомест на трошоци за промоција на производи од рибарство за традиционална посебност.
Право на користење на овие средства од Потточка 4.1 имаат рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби.
- Потточка 4.2 - Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство
Средствата од Потточка 4.2 се наменети за надомест на трошоци за промоција и маркетинг на аквакултурното производство и спроведување на национални кампањи за промоција и маркетинг за производи од аквакултура.
Право на користење на средства од Потточка 4.2 имаат субјекти регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството и/или организации на производители запишани во Регистарот на организации на производители кој се води во Министерството.
Министерството ги повикува сите заинтересирани субјекти да се запознаат со деталните услови и критериуми утврдени во Јавниот повик и навремено да ги достават своите барања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа