Муцунски во Стразбур се сретна со функционери на Советот на Европа, разговараа за демократијата и европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска остварил одвоени средби со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томаш Бочек.
Како што информира МНРиНТ, на средбата со генералниот секретар Деспина Шацивасилиу била потврдена „посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа“.
-Со вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа