Малку поинаква верзија на познатиот десерт – Подгответе овошна кремпита
Овошниот крем е добар избор за луѓе кои сакаат освежителни и лесни десерти. За разлика од класичната кремпита, оваа се прави со овошје и пудинг.
Состојки за жолт крем:
еден литар млеко
160 грама пудинг од ванила
200 милилитри вода
200 грама шеќер
100 грама путер
500 милилитри слатка павлака
20 грама желатин во гранули + 50 милилитри вода
Состојки за желе од цреши:
450 грама цреши (замрзнати или свежи)
200 грама шеќер
300 милилитри вода
два пудинзи со вкус на малина или јагода
една полна лажица меко брашно
500 грама лиснато тесто
Подготовка:
Ако имате замрзнато лиснато тесто, прво ќе треба да го одмрзнете. Развлечете го секој блок на малку поголеми димензии од тавата или калапот во кој ќе го ставите тестото. Тавата треба да има димензии приближно 35 x 25 сантиметри без рабови.
Печете го првиот дел од тестото на 200 степени, а вториот дел од тестото исечете го на квадрати пред печење и печете го во рерна додека не порумени. Оставете да се излади, а потоа ставете го првото тесто во тавата или калапот во кој планиравте да го правите десертот.
Исчистете ги црешите, исечкајте ги во блендер и измешајте ги заедно со шеќер и 200 милилитри вода во тенџере и оставете ги да се готват на тивок оган. Преостанатите 100 милилитри вода истурете ги во друг сад и измешајте ги со пудинг од малини или јагоди.
Кога црешите ќе зовријат, додадете го изматениот пудинг и мешајте додека смесата не се згусне. Потоа, тргнете го од оган и веднаш прелијте го врз кората во тавата.
Потоа следува подготовка на жолтиот крем. Истурете 800 милилитри млеко и 200 милилитри вода во тава, а потоа ставете го на шпорет. Во посебен сад измешајте 200 грама шеќер и пудинг од ванила со преостанатите 200 милилитри млеко. Прелијте го желатинот со 50 милилитри вода и оставете го да нарасне.
Кога млекото ќе зоврие, истурете го изматениот пудинг и мешајте додека не се згусне. Тргнете го од оган и додадете го путерот и мешајте додека целосно не се растопи. Во друг сад измешајте неколку лажици павлака со желатин.
Мешајте додека желатинот не се раствори и не останат кристали, потоа додадете ја смесата во павлаката и добро матете. После тоа, истурете ја слатката павлака и нежно измешајте. Слатката павлака не треба претходно да се мати. Прелијте ја целата смеса врз желето од цреши, а потоа измазнете ја. Одозгора наредете ги квадратите од лиснато тесто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа