„Македонско Село" ги отвара вратите - Познато кога ќе може да уживаме во комплексот

 

Комплексот „Македонско село“ наскоро се враќа на туристичката и културната мапа на Македонија, а директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, објави дека комплексот ги отвара вратите на 19. јуни.

- На 19 јуни ќе биде отворено „Македонско село“, најавив во моето гостување во „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ. Исполнуваме уште едно дадено ветување, како резултат на нашата посветеност и грижа за јавните добра, вели тој.

Комплексот не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби.

Сегашен концесионер е фирмата „Ла тераца“.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

12.06.2025 - 09:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега