Close Menu
    Најново

    Ноќ кога небото се отвора: соништата зборуваат, молитвите се исполнуваат

    20.11.2025 во 23:45

    Русија: Го освоиме Кунјанск

    20.11.2025 во 23:19

    Објавен е мировниот план на Трамп за Украина: Содржи 28 точки

    20.11.2025 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ноќ кога небото се отвора: соништата зборуваат, молитвите се исполнуваат
    • Русија: Го освоиме Кунјанск
    • Објавен е мировниот план на Трамп за Украина: Содржи 28 точки
    • Нетанјаху: „Нема да има палестинска држава“ – дури и по цена на односите со Саудиска Арабија
    • Зеленски: Подготвени сме, сметаме на помошта од Америка
    • Пожар избувна на самитот за климата во Бразил, луѓето евакуирани
    • Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски
    • Зеленски подготвен да работи со Трамп на нов мировен план
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Почина младиот Филип, ВМРО-ДПМНЕ објави тажна вест

    20.11.2025 во 21:38

    Муцунски: Една од иницијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство

    20.11.2025 во 21:19

    Трагедија по нагло кочење на медицинско возило во Скопје: Пациентот починал, повредени докторка и здравствен работник

    20.11.2025 во 14:35

    Нетанјаху: „Нема да има палестинска држава“ – дури и по цена на односите со Саудиска Арабија

    20.11.2025 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.