Ќе нема струја - Проверете за кои делови од Скопје се најавени исклучувања
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат:
- од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул. Веле Марков, Стево Филиповиќ и Браќа Галеви (општина Ѓорче Петров)
- од 09.35 до 12.30 часот, корисниците од село Рашче, село Бојане, село Копаница и дел од с.Кондово (општина Сарај)
- од 13.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во Нерези – патот за Пантелејмон (општина Карпош).
03.06.2025 - 08:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа