Камчатка повторно се тресе: Нов силен земјотрес во Русија
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала се случи на полуостровот Камчатка, објави огранокот Камчатка на Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науките.
Во соопштението се вели дека земјотресот се случил утрово околу 7:00 часот по средноевропско време.
Сеизмолозите велат дека епицентарот на земјотресот бил на 342 километри од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 82,3 километри.
Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Камчатка во четврток, 31 јули. Земјотресот беше најсилниот од 1952 година, а предизвика и цунами.
Во земјотресот немаше жртви, но неколку лица беа полесно повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа